По 27-ми  пат фестивалот на детски песни ,,Распеани срца”  се одржа во сабота 17.09.2022 година во Н.У. Центар за култура “Ацо Шопов” во Штип. На овогодишниот репертоар песничките се за семејството, љубовта, татковината. Фестивалот е со натпреварувачки карактер. Годинава на фестивалот настапија 14 деца од кои петмина се ученици од нашето училиште под менторство на проф.Лариса Жулина-Митовски Михаил Младеносвки, Ангела Алексовска, Матеа Јовановска и Михаил Митовски, како и Кирила Јовевска се закитија со заслужени престижни награди од стручното жири и од публиката.

-Моите солисти беа успешни, задоволни и среќни од настапот. Тие се погрижија и за кореографијата на балетските групи коишто ги придружуваа на сцената и го збогатија сценскиот впечаток, изјави проф.Лариса Жулина-Митовски.