Повеќе од 60 наставници од ООУ ,,Јоаким Крчовски”-Крива Паланка, „ООУ Илинден“-Крива Паланка, ООУ “Кочо Рацин”-Кратово и ООУ,,Христијан Тодоровски Карпош’-Ранковце, на 12 и 13 мај 2022  учествува на обуката за медиумска писменост. Обуката ја организира МИМ и ИРЕКС во соработка со МОН и БРО, како дел од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“

Обуката за наставници ја водеа  наставници ментори и советници во Бирото за развој на образованието. Учесниците на обуката се запознаа со концептот „Учиме да распознаваме“, со методолошките пристапи и различни содржини поврзани со медиумската писменост, како што се промените во медиумската сфера, дезинформации, проверка на информации, анализа на медиумска содржина, говор на омраза, и конструирање претстави преку медиумите.

Во вториот дел од обуката за медиумска писменост наставниците имаа и практична работа во групи, каде што наставниците подготвуваат сценарија за реализирање часови по медиумска писменост за второ и петто одделение на теми од наставната програма.