На 30.03.2023 година талентираните млади музичари од ООУ „Јоаким Крчовски“- Крива Паланка, ученици од 9 одделение Теодор Смиљков и Леон Јанковски од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски освоија прва награда во силна конкуренција од повеќе од 200 учесници од Република Северна Македонија, Република Хрватска и Република Бугарија. Учесниците на натпреварот го покажаа својот талент, знаења и умешност во повеќе дисципини: пијано-четирирачно, состави со и без пијано, како и традицициони состави.

-„Многу сум горда на високите резултати постигнати на моите ученици. Уште еднаш се докажа дека љубовта кон музиката, напорната работа и талентот неминовно водат кон успехот. Им упатувам искрени честитки за освоената прва награда на Меѓународниот натпревар по  камерна музика во Кавадарци и им посакувам многу успеси во иднина“!-изјави проф. Лариса Жулина-Митовски.

Покровители на фестивалот се Градоначалникот на општината Кавадарци и Советот на општината Кавадарци. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, со согласност со Министерството за образование и наука.