По повод новогодишните празници учениците од нашето училиште го одржаа традиционалниот новогодишен концерт во Europe House Крива Паланка.

На концертот настапија учениците од класите по пијано и хармоника со соло точки, како и училшниот хор и оркестар

На програмата беа изведени  дела од Антонио Вивалди, Ј.С.Бах, Шопен, Штраус и многу други автори, изведени на пијано и хармоника. Исто така со своите перформанси се претставија училишниот хор и оркестар.

Концертот  се одржа на 26.12.2022 година во Europe House Крива Паланка, со почетокот во 15 часот.

Атмосферата од концертот може да ја погледнете на следниов ЛИНК.