Музички талентираните ученици од ООУ „Јоаким Крчовски“- Крива Паланка и оваа година приредија извонредни новогодишни концерти за своите соученици. На ден 21.12.2022 година (среда) во салата „Артриум“ се одржа Новогодишниот концерт за учениците и нивните родители во три изданија, од кои еден – вечерен за родителите и два дневни концерти за учениците од прво и второ одделение. Новогодишниот концерт е музички настан што се одржува секоја година, кој и’ дава посебен шарм на предновогодишната празнична атмосфера и ги пренесува детските пораки и желби за Новата година. На концертните изданија настапија 34 ученици од второ до деветто одделение, со композиции од Антонио Вивалди, Ј.С.Бах, Шопен, Штраус и многу други автори, изведени на пијано и хармоника. Публиката уживаше во настапите на талентираните ученици, наградувајќи ги со силни аплаузи. Нивните наставници Лариса Жулина – Митовски, Дејан Ангеловски, Марина Станишковска Пешовска и Виктор Ристовски им посака забележителни настапи и големи успеси во следната година. (Фотогалерија)

Нека 2022 година ни донесе здравје, среќа, радост и многу успеси!