На 18.05.2022 година во организација на Здружението на музички и балетски педагози на РСМ се одржа 60-тиот државен натпревар за учениците од основните музички училишта и студентите од факултетите за музичка уметност. Натпреварот се одржа во просториите на Музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски-Луј“ – Скопје. Во силна конкуренција со нивните врсници од другите основни музички училишта во Република Северна Македонија, нашите ученици постигнаа солидни резултати:

Под менторство на наставничката по пијано Лариса Жулина-Митовски нејзините ученици ги освоија следните резултати:

Меглена Георгиева – прва награда (96 бодови)

Матеј Георгиев-трета награда (90.25 бодови)

Во класата на проф. Виктор Ристовски, ученикот Лука Стаменковски освои трета награда (90.50 бодови) по пијано.

Во класата на проф. Дејан Ангеловски, пофалници по хармоника добија учениците Климент Ѓорѓиевски (85 бодови) и Алекс Тодоровски 87 бодови).

Натпреварот  се одржа со физичко присуство според протоколите објавени од МОН.

Резултатите од натпреварот за основно музичко образование за 2022 г. се објавени на следниот линк

Правилата за одржување на натпреварот се објавени во Правилникот за организирање на општински, регионален и државен натпревар на ученици во основно музичко образование.