Денот на децата е датум кој се слави секоја година во чест на децата, чиј датум на почитување варира во зависност од земјата. Во 1925 година, Меѓународниот ден на децата за прв пат беше прогласен во Женева, Швајцарија  за време на Светската конференција за доброто на децата. Оттогаш, во повеќето земји во светот  се слави на 1 јуни. По конференцијата, различни влади низ целиот свет одлучија да прогласат ден како Ден на децата за да се привлече вниманието кон детските теми. Многу земји го избраа 1 јуни, па ова е причината, зошто Меѓународниот ден на децата се одржува на 1 јуни. Денот на децата, Организацијата на Обединетите Нации го слави и на 20 ноември секоја година.