Во организација на здружението „Арт ин орг“ на 28 мај 2022 година се одржа Меѓународниот натпревар на класична музика „Арт ин Кавадрци 2022“, нашите ученици ги освоија следните награди:

  • Дарија Пешовска, под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски, го освои ВТОРОТО МЕСТО;
  • Теодор Смиљков, под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски, го освои ПРВОТО МЕСТО;
  • Сара Стојановска, под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски, го освои ВТОРОТО МЕСТО;

Според директорот Лазе Атанасов, натпреварот е мултиинструментален (клавир, виолина, виола, виолончело, контрабас, кларинет флејта, саксафон, труба,…), а учествуваат над 270 музичари од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и БиХ во неколку категории: основци, средношколци, студенти и професионалци. Учествуваат и хор и оркестар, а има и камерна музика.

„Арт ин Кавадарци 2022“ го следи домашно и меѓународно жири од искусни музичари и педагози.

– Секој учесник може да ги претстави своите достигнувања во класичната музика, а ги оценува жири-комисијата во чиј состав се истакнати професори: по пијано од Загреб, по виолина од Србија и Норвешка, по камерна музика од БиХ, информира Атанасов.

– Целта на „Арт ин Кавадарци 2022“ е учесниците да оценат до каде стигнале во музиката и да стекнат нови искуства, да се дружат и црпат знаења од своите врсници, но и постарите и поискусни музичари, дополни директорот.