Во рамки на кампањата за одбележување на „Светскиот ден на ретки болести – 28 Февруари“ денеска во Европската куќа во Крива Паланка се одржа панел – дискусија посветена на овој ден.

На панелот присуствуваа наставници, дефектолози, новинари, вработени во локалната самоуправа на Општина Крива Паланка и ученици од Основно училиште „Јоаким Крчовски”, СОУ „Ѓорче Петров”, Крива Паланка и претседателката на националното здружение на лица со ретки болести Гордана Лолеска.

Настанот го организираа  наставниците од нашето училиште Сања Стевановска Ѓоргиевска, Моника Стоилковска и Лариса Жулина-Митовски.

Под мотото “Покажи ја својата реткост” (SHOWYOURRARE) учениците од нашето училиште активно се вклучија во одбележувањето на Денот на лицата со ретки болести 2022. Учениците Ива Јовановска и Дарија Стојановска од 7-1 одделение, Нела Николовска и Магдалена Јовановиќ од VIII-5 одделение подготвија презентација на темата „28- ми Февруари – Светски ден  на ретките болести“ и успешно ја претставија на панел – дискусијата.

ООУ „Јоаким Крчовски” се вклучи во одбележувањето под мотото „Покажи ја твојата реткост”. Во текот на февруари, месец на ретките болести, наставниците ги запознааучениците со статистиките и информациите за ретките болести, а учениците изработуваа презентации и ликовни творби на оваа тема.