Во рамките на Еразмус + проектот „Нови наставни техники и методи“-во периодот од 06.09.2021 до 10.09.2021 во Банска Бистрица-Словачка, беше реализирана првата средба помеѓу партнер училиштата од Хрватска, Турција, Полска и Северна Македонија. На мобилноста присуствуваа наставници и стручни соработници од нашето училиште: Габриела Стојановска, Анета Стојковска, Лариса Жулина- Митовски и Марина Јакимовска-Митовска.
По срдечното добрeдојде, директорот на училиштето ни посака плодна и успешна работа. Првиот ден нашите домаќини ни го претставија нивното училиште, училниците, кабинетите и сл.
Фокусот на оваа средба беше запознавање на учесниците во проектот и нови наставни техники и методи во наставата. Темата на мобилноста беше „Мемориски техники“.
Домаќините успеаа да ја претстават својата традиција, култура, историја и образование во текот на нашата посета и да направат сите да се чуствуваат пријатно и добредојдено.
Во текот на средбата кординаторите на проектот исто така ги договорија и понатамошните активности и средби.
Координатор на проектот,
Елена Митевска-Давидовска