Изминатиот петок во EU House Kriva Palanka имаше навистина преубава предпразнична атмосфера благодарение на прекрасните изведби на младите таленти Меглена и Матеј Георгиеви на класата по пијано на проф. ЛарисаЖулина – Митовски. На ревијалниот концерт беа изведени пијано-дела од класичните и современите европски композитори: Јоахан Себастијан Бах, Г.Ф. Хендел, Жан-Филип Рамо, Волфганг Амадеус Моцарт, Лудвиг Ван Бетовен, Тимоти Браун и Елена Девис. Концептот на оваа манифестација е презентација на инструментална и вокална музика, и е составен од 4 делови: соло изведба на пијано на Меглена, соло изведбана пијано на Матеј, потоа четирирачно дуо на пијано и во завршниот дел се претставија како вокални изведувачи. Публиката уживаше во талентот на младите музички вируози од Крива Паланка, кои се ученици во трето и четврто одделение во нашето училиште.