На 01. 06. 2021 година претставниците од СИТ – тимот од МИО и МИМО од ООУ ,,Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка заедно со дванаесет ученици од I одд. до V одд. како и четворица родители и четворица наставниви и 12 ученици од VI одд. до IX одд., како и четворица родители и четворица наставници реализираа заеднички активности со партнер училиштето ООУ ,,Јероним Де Рада“ од с. Черкези во Куманово. Активностите беа реализирани онлајн преку ЗООМ. Имавме четири работилници и тоа: „Работилница – Запознавање со јазикот на другата етничка заедница – преку употреба на англиски јазик“, „Работилница – Со видео игрите градиме пријателство“, „Работилница – Преку онлајн изтражување развиваме мултикултурализам“ и „Работилница – Шарените вкусови и облеки во традицијата“ Сите четири работилници беа успешно реализирани онлајн со што ја постигнавме нашата заедничка цел, а тоа е подобра комуникација и соработка помеѓу учениците, наставниците и родителите од различните етнички заедници. Изготвил: Елизабета Стојановска – Координатор од СИТ тимот од МИО и МИМО















