„Нејзиниот свет, нејзините правила“ е единствен проект и кампања за социјални медиуми, предвидена од ФИБА Европа и има за цел да ја промовира кошарката на жените и девојчињата низ цела Европа преку разни активности спроведени во партнерство со Националните федерации. Активната цел на проектот е привлекување девојчиња во спортот на возраст од основно и средно училиште (возраст од 6-15 години) преку глобална кампања наречена „Нејзиниот свет, нејзините правила“. За таа цел во нашето училиште се одржа кошаркарски тренинг за промоција на женската кошарка во организација на Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија. На тренингот беа опфатени четириесет девојчиња на возраст од осум до девет години. Оваа школска активност беше подржана од тренерите Мирослав Ивановски, Марија Петровиќ и Виктор Петровски од КК Крива Паланка, претставници од Федерацијата и со медиумска подршка. Овие проектни активности имаат заа цел да ја промовираат кошарката на жените и девојчињата и да се поттикнат што поголем број девојчиња да се вклучат во тренежен процес на овој популарен спорт. Проектот е планирано да заврши со фестивал, што зависно до здраствената ситуација, ќе се одржи во Скопје, во градскиот парк, со активности како 3×3, минибаскет, фитнес тренинзи за најмалите возрасни категории на кошаркарки од основните училишта од целата држава и мотивациски говори од нашите кошаркарски амабасадори.

















